Кралицата Елизабета Втора планирала да го пресели принцот Ендру во куќата на Хари и Меган

236

Пред нејзината смрт, покојната британска кралица Елизабета Втора планирала да ги истера принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл од нивниот дом во Виндзор, познат како Фрогмор, со намера да му дозволи на принцот Ендру да се пресели, се вели во новата книга на писателот Роберт Хардман, пренесува „Дејли мејл“.

Хардман тврди дека кралицата Елизабета Втора сакала да му најде на Ендру втор дом подалеку од Кралската ложа, замок со 30 соби во Големиот парк Виндзор, за да ги намали неговите трошоци.

Овој потег требаше да вклучи и војводата и војвотката од Сасекс да бидат исфрлени од Фрогмор, пишува „Дејли Мејл“.

Во книгата се наведува и дека луѓето блиски до кралското семејство го опишале принцот Енду и неговиот персонал како „насилници“.

Обвинувањата доаѓаат по медиумските извештаи дека кралот Чарлс одлучил да ги прекине финансиските врски со обесчестениот војвода од Јорк, намалувајќи го неговиот годишен додаток од 1 милион фунти.

Според британскиот таблоид, кралот продолжува да презема чекори за јавно да се дистанцира од својот брат, поради неговата поврзаност со осудениот педофил Џефри Епштајн.

Бакингемската палата објави во јули оваа година дека Фрогмор е празен повеќе од една година, откако Хари и Меган официјално ја напуштија резиденцијата по патувањето во Калифорнија.