Кражба во штипската клиничка болница: Освен шишиња и лекови, ја украле и надзорната камера

55

Непознати лица украле шишиња и пакувања со лекови од штипската клиничка болница.

Во СВР Штип вчера во 7.41 часот е пријавено дека во периодот од 8-ми до 11-ти месецов, во објект во кругот на Клиничката болница Штип некој влегол со употреба на сила и погоден алат и украл повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.