Тома Здравковиќ е пејач кој ги одбележал 70-тите години на југословенската естрада. Сите песни му биле големи хитови, а тој ја имаше популарноста која се граничеше со фанатизам. Но, за жал неговиот живот брзо заврши. Сега тој живот ќе можеме да го видиме на големото филмско платно. Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ ги завршува последните подготовки за музичкиот игран филм со работен наслов „Тома“. Тоа ќе биде емотивна приказна за животот и кариерата на Тома Здравковиќ. Ликот на еден од најголемите српски боеми и пејачи ќе го глуми хрватскиот актер Горан Богдан.
–
Филмот ќе почне да се снима на пролет, а ќе раскажува за бурниот живот на пејачот, но и за неговите големи љубови, меѓу кои и славната пејачка Силвана Арменулиќ.
„Со месеци баравме глумец што соврешено ќе го долови ликот на Тома. Го најдовме во ликот на Хрватот Горан Богдан. Сега останува да избреме глумица што ќе ја игра Силвана Арменулиќ. Можеби тоа нема да биде глумица, туку пејачка, па ќе видиме,кажаа од продукцијата на филмот. Сценарист на филмот е Никола Пејаковиќ. Заедно со филмот се снима и серија со истото име. Сите се сложни дека и филмот и серија ќе постигнат огромен успех на територијата на целата поранешна Југославија, бидејќи песните на Тома се уште се пеат на сите веселби. Д.М./foto:FB/