Кога е жешко тропско лето, а токму така е сега, естрадата во ниту еден миг не се дума да се разлади. Без разлика дали станува збор за пејачи или пејачки. Сите се разголени и тоа најчесто во костими за капење на морска или езерска плажа, на подалечна или поблиска туристичка дестинација, сами или со својот брачен, можеби и со швалерски партнер.
–
Така, фоторепортерите (и светските папараци) имаат полни раце работа. Според некое непишано правило, сепак понежниот пол е тој кој води главен збор во соблекувањето, во покажувањето на голи задници, голи гради, голи нозе, некоја помалку, а поголем дел од нив најмногу сакаат да бидат полуголи. И тоа не е некоја посебна сензација, но е секогаш атракција за машките очи. Така добро разголените пејачки (а, секако, и водителки, манекенки, новинарки, актерки, спортистки….) имаат на некој начин и поуспешна кариера, популарноста им расте со молскавична брзина.
–
Тоа логично повлекува едно со друго, бројот на тезгите им се зголемува, а сметките им се полнат со многу пари. И во Македонија познатите пејачки и водителки сакаат да се разголуваат по весниците, порталите, телевизиите…, но не во толкав број како оние од Србија, Хрватска или Босна. Нашите некако тоа го прават подискретно, ем сакаат, ем се стискаат, никако да пресечат или џа или бу! (Останатиот дел од текстот прочитајте го во печатеното издание на денешниот “Вечер“)….. Дуле М.