Кој е човекот што го возел Палевски од Белград во Турција? Татко на две деца, објавил фотографија додека го криел осомничениот за убиството на Вања

770
Фото: Објава на Димковски на Фејсбук

Струмичанецот Стефан Димковски, татко на две деца, е возачот кој од Белград до граничниот премин со Турција го превезе Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Потоа на социјални мрежи објави фотографија од автомобил на пат во Турција.

Димковски вчера попладне беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани. Тој самиот објавил фотографии од рутата на своите профили на социјалните мрежи истиот ден кога се вози со Палевски.

Откако бил уапсен на граничниот премин, тој детално раскажал за плановите на Палевски и за локациите каде требало да биде во Турција, пренесува Телма.

Приведено уште едно лице поврзано со убиството на Вања, одреден 48 часовен притвор

За Димковски  се знае дека е татко на две деца, а на социјалните мрежи има фотографии од симболот на партијата „Десна“ на чие чело е Палевски.