Кој е надлежен, а кој е одговорен ако му ја здувнат Вељаноски и Димовски

70

Никој не кажува кој ке биде одговорен доколку евентуално се случи да избегаат пратениците Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски против кои се поведени кривични постапки. Судот, Собранието и Обвинителството топката си ја префрлуваат едни на други. И Оливер Сапсовски завчера изјави дека никој од нив не побарал да се преземат било какви мерки да се обезбедадат двајцата пратеници од евентуално бегство.

Претседателот на Собранието Талт Џафери вели дека одговорни ќе бидат судовите, бидејќи тие треба да го обезбедат присуството на обвинетите. Мое, рече денес  Џафери, на брифингот со новинарите е да се грижам за работата на Собранието и тоа да се прави врз основа на процедури. Ваквата изјава Џафери ја дава по изјавата на обвинителката Вилма Рускоска која вели дека Собранието ќе биде одговорно за евентуално бегство на Вељаноски и Љупчо Димовски, кому исто така не му е одземен имунитетот,.Џафери смета дека , ваквата изјава на обвинителката Рускоска е дадена за медиумски цели.
Од судот пак велат дека тие неможе да побараат други мерки на обезбедување на присуството на осомничените пратеници, бидејќи како што објаснуваат од таму во овој стадиум постапката ја води обвинителството и тие постапуваат по неговите барања.

Судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ завчера бил известен од претседателот на Собранието Талат Џафери дека не биле создадени услови за симнување на имунитетот на пратениците Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен за организација на нападот на Собранието на 27 април лани, како и за Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, осомничен претходно за злоупотреби како министер за земјоделие, а за кои Обвинителството за организиран криминал бараше мерки притвор.

Од судот појаснуваат дека истрагите за Вељаноски и за Димовски продолжуваат со нивно повикување за распит. Недоаѓање на распит по уредно примена судска покана повлекува наредба за нивно стражарно приведување тврдат од таму и додаваат дека известувањето од Собранието ке го препратат до обвинителството кое ке одлучи какви мерки за обебзедување ке побара против осомничените.

Од обвинителството пак не добивме никаков одговор што ке превземат за да се спречи евентуалното бегство на двајацата пратеници, како што претходно се случи со бегството на екс премиерот Никола Груевски и екс разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошкоски.

Вчера спикерот во Парламентот објасни дека немало услови да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски претседател Трајко Вељаноски, бидејќи претходно немало донесен заклучок на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. За тоа, рече Џафери, вчера го известил и Кривичниот суд.

Според Џафери, Собранието немало заклучок врз основа на кој ќе се гласа, бидејќи во Комисијата односот на гласовите „за“ и „против“ одземање на имунитетот биле 4:4 што, како што истакна, значи дека немало заклучок ниту „за“ ниту „против“ одземање на имунитетот.

Вели дека го добил извештајот на Комисијата, но без заклучок. Врз основа на извештајот, тој бил должен да закаже седница иако по точката немало заклучок на надлежната Комисија.

Собранието, како што потенцира Џафери не ја носи одлуката по барање на судот, туку врз основа на заклучок на Комисијата, а таков во случајов немаше. За да не се случува ова во иднина, тој смета дека со измени на Деловникот треба да се предвиди решение како да постапува Собранието во случај кога нема заклучок на Комисијата.

Во врска со седницата на која требаше да се донесе одлука за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, Џафери истакна дека ја прекинал бидејќи иако во салата имало 61 пратеник за кворум, немало мнозинство од 61 за изгласување на одлуката.