„Кој друг може да игра на четири позиции?“

84
epa10168685 Atletico Madrid's striker Antoine Griezmann (R) celebrates after scoring the 2-1 goal during their UEFA Champions League Group B soccer match between Atletico de Madrid and FC Porto held at Civitas Metropolitano stadium in Madrid, Spain, 07 September 2022. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Поранешниот француски напаѓач, Тиери Анри, смета дека неговиот помлад сонародник моментално е најпотценетиот играч во светот на фудбалот.

Анри остави голема трага во европскиот фудбал играјќи за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона. Тој беше навистина незапирлив, еден од најдобрите стрелци на сите времиња, а се пензионираше пред девет години.

Французинот моментално е селектор на француската репрезентација до 21 година и секако дека живее за фудбалот 24 часа на ден. Анри сака да гледа што повеќе натпревари, особено оние каде што играат најдобрите тимови и фудбалери, па забележа дека еден играч е моментално најпотценет.

Во интервју за „Le Parisien“, околу Олимпијадата во Париз, актуелниот селектор на Франција до 21 година претпоставува дека напаѓачот на Атлетико (М), Антоан Гризман, не го добива признанието што го заслужува, и покрај бројките што ги дава од година во година.

„Не можеме да го заборавиме Гризман, играчот кој не потсетува дека напорната работа е талент. Гризман е убедливо најпотценетиот играч.

Секогаш зборуваме за Килијан, но Гризман… Погледнете ги асистенциите и головите. Кажи ми играч во историјата кој бил способен да ги игра сите четири офанзивни позиции како него? Ги нема многу… А Гризу е еден од нив“, изјави поранешниот напаѓач.

Претходно Антоан настапуваше за Барселона каде на 102 натпревари постигна 35 гола со 17 асистенции, додека во Реал Сосиедад на 202 натпревари постигна 52 гола со 18 асистенции.

Инаку, може да игра како централен напаѓач, како офанзивен играч за врска, како десно крило и како централен играч за врска.