Која е посекси: Лила или Ешли – како да ја најдеме разликата?

56

Добро погледнете ги и двете, па кажете за која би гласале доколку нешто такво се случи, да се гласа преку “Вечер”? Дали за нашата водителка Лила Стојановска или за манекенката Ешли Грахам?

Тие две се доста слични, не по бројот на килограмите, туку по белата боја, а бели им се костимите. Лила додуша е во корсет, а Ешли потполно подготвена за плажа. Но и двете се потрудиле повеќе да ни откријат, отколку да покријат.

Со оглед на тоа дека Ешли е во некое егзотично место каде што е топло, Лила е тука некаде, се врцка по овој разбранетиот Балкан и изненадува со некои вакви фотки за кои секој би и честитал. Впрочем, вакви женски и треба да постојат, барем кога е зима да ни го греат срцето! Ние, од разбирливи причини, предностa и даваме на македонската убавица!