Кошаркарот Дилан Осетковски беше позитивен на марихуана на последниот допинг тест. Овој кошаркар го привлече вниманието кон себе со добрите игри во дресот на Уникаха, дури беше на мета и на Барселона, која сакаше да го ангажира.

Сега неговата иднина е неизвесна, поточно каква казна ќе добие поради допинг тестот. Се очекува реакција на ФИБА.