Женската сениорска репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за квалификацискиот циклус за Европското првенство, кое ќе се одржи во 2025 година.

Нашата селекција се најде во групата Г, во која се и Србија, Украина и Португалија.

Квалификациските мечеви ќе се играат во три „прозорци“, односно од 9 до 12 ноември 2023 година, потоа од 7 до 10 ноември 2024 година и од 6 до 9 февруари 2025 година.

Согласно со системот за натпреварување, победниците во осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани тима, земајќи ги предвид сите резултати во групите, ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.