Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на ЈП за државни патишта откако новиот Управен одбор на ова јавно претпријатие го разреши досегашниот директор, Ејуп Рустеми, кој беше на чело на ова ЈП од 2020 година.

Последната јавна функција што ја извршуваше Трајановски беше градоначалник на Скопје, кога во 2009 година, на локалните избори, го победи Трифун Костовски. Градоначалничкиот мандат во Скопје му траеше до 2017 година, кога загуби на локалните избори од Петре Шилегов.

Претходно, до 2005 година, Трајановски беше градоначалник на Општина Гази Баба. Во 1998 година, тој беше избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2002 година за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО-ДПМНЕ. Го прекина мандатот поради новата функција – градоначалник на Општина Гази Баба.