Костиќ наследник на Кореа

82

Римскиот калчолигаш Лацио и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на српскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Филип Костиќ. Предводникот на „светлосините“, Маурицо Сари е убеден дека Костиќ може да биде достојна замена за аргентинскиот интернационалец, Жоакин Кореа кој пред неколку дена за 30 мил. евра беше продаден на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер. Понудата за Костиќ нема да биде помала од 25 мил. евра.