Коста Кецмановиќ, момчето кое лани го изврши масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ сведочи во Специјалниот суд во Белград, на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.
Иако беше најавено дека неговото сведочење ќе биде зад затемнето стакло, Танјуг информира дрека тој сега е зад говорниоцата, зашто најверојатно се согласил да сведочи.
Коста Кецмановиќ во судницата за првпат откри зошто ги уби другарите!
Утринава тој е донесен во судот од детската психијатриска болница каде е сместен од 3 мај лани, кога го изврши масакрот.
На сведочењето прашања можат да му постават оштетените, кои наводно подготвиле 250 прашања, судијата, обвинителот, обвинетите и нивните адвокати.
Коста има право да одбие да сведочи како близок роднина на обвинетите, но со оглед на тоа што судењето е почнато пред еден час, се претпоставува дека Малиот Кецмановиќ сепак сведочи. Од процесот е изоставена јавноста.