Коста Кецмановиќ ги шокирал сите во Клиниката: „Ќе скапе во затвор таа жена која се нарекува мајка“

7508

Паралелно  со судењето на родителите Владимир и Миљана, српските медиуми пишуваат дека наводно вистинска драма се случува во болницата каде е сместен Коста Кецмановиќ, момчето убиец кој изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година.

Коста ги шокирал полициските чувари и персоналот на Клиниката за психијатрија и неврологија за деца и младинци. Тој, пишуваат медиумите, има голема омраза кон својата мајка Миљана, која понекогаш е неконтролирана.

Како што пренесе српска Република, во еден момент свртен кон прозорецот извикал: „Ќе скапе во затвор таа жена која се нарекува мајка, наводно рекол Коста.

Ги прашал сите во болницата кога ќе започне судењето бидејќи бил нетрпелив.

– Во неверување останавме четворицата во собата, колку што бевме во тој момент. Коста праша: “Зошто не ми се јавуваат, кога ќе биде судењето? Новата година и сите празници поминаа, а нема повици. Знам дека немам доволно години да ме судат, но ќе ме прашаат на судењето на татко ми и мајка ми, да го повторам тоа што ми е кажано кога ме испрашуваа преку видео врска. Се што имам сакам да кажам кога ќе одам во Палатата на правдата“ – откри изворот на Република.

Односот на Коста со неговата мајка е, во најмала рака, турбулентен. Како што покажа истрагата, тој со месеци планирал како ќе изгледа масакрот во „Рибникар“ и сакал само едно, да страда Миљана Кечмановиќ.

Според информиран извор, тој сака да биде во центарот на вниманието.

Во Центарот за социјална работа, по злосторството, Коста го опишал деталниот план што го смислил за да и се одмазди на мајка си.

– Мајката на еден од убијците од документарниот филм ја изедначи со неговата, бидејќи верувал „дека таа не сочувствува со неговите проблеми“. Всушност, тој сакал да страдаат мајките на неговите убиени пријатели, но и неговата. Тоа страдање, како и плачот на исплашените и ранети деца, го гледаше како еден вид компензација за неговата душевна болка – изјавија тогаш од Центарот за социјална работа, а пренесува српска Република.