Коста за Погба

70

Бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Даглас Коста, е најновата желба на раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Најтрофејниот клуб во Премиер лигата е во потрага по играч кој ќе биде достојна замена за чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез кој сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Челниците на Јувентус се подготвени да седнат на преговарачката маса само доколку во обратната насока се упати францускиот интернационалец Пол Погба.