Поетесата Габриела Костадинова од Пехчево се здоби со Грамота за својата поезија презентираната на овогодишното издание на Јунските поетски средби 2019 кои се одржаа во Благоевград, Р. Бугарија. Како што информираше Костадинова, таа на настанот учествуваше на покана на Народното читалиште ,,Н.Ј.Вапцаров 1866″ од Благоевград.

– Како библиотекар и порано како директор на Матичната библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево, соработката со Народното читалиште секогаш била на задоволително ниво. Тоа се покажа и овој пат со нивната покана да земам учество на „Јунските поетски средби 2019″, на кои се претставив со дел од своето творештво. За учеството добив Грамота, што за мене е награда од посебно значење, бидејки на настанот се претставија поети кои оставиле свој белег во Балканската поезија, рече Костадинова.

Претходно како учесник на манифестацијата „Охридски бисер на поезијата 2019″, Костадинова освои три награди во категориите „Убава лирска поезија” и награди за севкупно творештво и убав стил на пишување поезија.

Костадинова досега ги има напишано делата ,,Црвената боја на љубовта”, и новелата ,,Сага за Полина за која минатата година на манифестацијата ,,Охридијада” ја доби наградата за ,,Најдобра прозна книга за возрасни”.