Владата на Косово на денешната седница одлучи сите стоки увезени од Србија во Косово пред 21 ноември 2018, кога се воведе такста од 100 отсто за српските производи, да се ослободат од таа такса, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во владиното соопштение се вели дека е усвоена одлука за измена и дополнување на одлуката на Владата од 21 ноември 2018 година, со што „се исклучуваат од таксата стоките со потекло од Србија и Босна и Херцеговина кои се увезени пред тој датум и кои се нашле во царински процедури под одложен режим (царински депоа, привремен увоз, обработка во царинска контрола и внатрешна контрола) при нивното пуштање во слободен промет“.