Косово одбележува 11-години независност

50

Косовската Влада, денеска одржа свечена седница, со што започна одбележување на 11-годишнината од независноста на земјата. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека „секој граѓанин на Косово ја има својата приказна за патешествието на државата во овие 11 години“.

Тој порача дека 2019 година ќе биде година на консолидирање на косовската држава и дека „ќе се затворат сите отворени прашања на регионален и меѓународен план“, меѓу кои и постигнување „конечен договор за законски обрврзувачко меѓусебно признавање со Србија во рамки на постоечките граници, а истовремено и зачленување во НАТО“.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи прогласувањето на независноста на државата пред 11 години го оцени како „најсублимирачки историски чин кој ја институционализира борбата на косовскиот народ за слобода“. Тачи на неговиот фејсбук профил напиша дека за постигнувањето се заслужни сите косовски граѓани.