Корпа од Џеси Лингард

515

Крилниот напаѓач на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, буквално во последниот момент од летниот преоден рок ја одбил понудата да се врати во редовите на Вест Хем. Повремениот репрезентативец на Англија изминатата сезона со голем успех ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Вест Хем, а челниците на популарните „чекани“ повторно испратиле понуда за нова едногодишна позајмица.