Корисниците кои имаа прекин на услугите на Телеком ќе добијат гратис мобилен интернет

152

Корисниците на Телеком услугите, кои денеска имаа пречки поради оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот Регион, преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај, ќе добијат гратис мобилен интернет. Од компанијата првично објавија дека штетата на каблите била направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници.

– Поради ова, Македонски телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување на постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан. Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни – соопштија од Телеком.

И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, велат дека како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваат10 ГБ мобилен интернет до крајот на август 2023 година.