Концерт на Мартина Аврамоска и Влатко Груевски во Кичево

106

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево синоќа концерт одржаа
Мартина Аврамоска и Влатко Груевски.
Концертот со наслов „Оперски доживувања“ траеше шесетина минути, а беа изведени познати соло песни и оперски арии.

– Претставувањето на една ваква програма пред кичевската публика претставува повеќекратен успех бидејќи се помага на популаризацијата и афирмацијата на класичната, т.е. сериозната музика во нашиот град, изјави Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.

Таа додаде дека овој концерт беше дел од Националната програма за култура за оваа година и е поддржан од Министерството за култура и од Центарoт за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

Концертот се одржа во големата сала, а влезот беше слободен со цел афирмација на класичната музика во Кичево.