Светски познатиот хор на Националната кинеска опера вечерва, од 20 часот во македонската Филхармонија ќе одржи гала-концерт насловен „Кина се сретнува со Западот“.

Хорот ќе настапи во придружба на пијанистката од Швајцарија, Џао Мелодие, под диригентската палка на Џао Јуан и Џоу Хаоју.

Гала-концертот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина и Координативниот центар за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, по повод Четвртиот министерски форум за културна соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ (17+1) што неодамна се одржа во Скопје.