Предводникот на италијанскиот калчо гигант Интер, Антонио Конте, побара од раководните лица веднаш да испратат официјална понуда за францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Оливие Жиру.
Трофејниот стручњак потврди дека има потреба од уште еден напаѓач кој ќе биде замена за белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој има проблем со физичката подготвеност и постојано се жали на болки во грбот.