Белгискиот интернационалец, Раџа Најголан, новата сезона во италијанската Серија А, ќе ја одработи во дресот на Интер. Искусниот играч за врска е во сопственост на „нероазурите“, но изминатата сезона ја одработи како позајмен играч во дресот на Калјари. Поранешниот репрезентативец на Белгија не криеше дека сака да остане во редовите на Калјари, но тренерот на Интер, Антонио Конте, одлучи Најголан да биде задржан на „Џузепе Меаца“.