Нови контејнери, два камиони за подигање на смет, метларка и опрема за работниците се дел од последната инвестиција, со која гостиварското комуналното претпријатие ќе ја подобрува хигиената во општината. Првиот човек на ЈП „Комуналец“, Фатон Биљали претстави дел од новата опремата за која како што рече дека е набавена во соработка со локалната самоуправа.
– Возниот парк е дополнет со два специјални камиони за празнење на контејнери, а ни пристигнаа и 50 метални контејнери. Преку грант од Бирото за регионален развој обезбедивме уште една машинска метларка. Обновата на опремата добро ќе ни дојде особено во периодот кога доаѓаат печалбарите – изјави Биљали.
Наскоро, со нови ќе бидат ќе бидат заменети дотраените и оштетени контејнерите на локации кај автобуската станица, населбата Малеарди, Кеј Вардар и плоштадот. Во моментов за комуналната хигиена се грижат околу 100 вработени, а контејнерите низ градот се празнат и по три пати на ден. За поголем комунален ред и почиста средина, директорот Биљали апелира до сограѓаните да не го расфрлаат отпадот на разни локации и да ги користат контејнерите.
Покрај педесетте метални контејнери за смет, наскоро треба пристигнат уште педесет од пластика кои пред извесно време беа нарачани.