Консултации на Бајден со Шолц и со другите сојузници

46

По нападот на Русија врз Украина, американскиот претседател Џо Бајден денеска се консултираше со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и други сојузници.

Белата куќа објави дека повикот траел од 11:32 до 12:54 часот (16.32-1754 GMT).

Покрај Бајден, Шолц, Макрон и Џонсон, меѓу учесниците беа и италијанскиот премиер Марио Драги, јапонскиот премиер Фумио Кишида, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханис и канадскиот премиер Џастин Трудо.

На повикот беа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Белата куќа однапред објави дека целта на средбата е да се разговара за најновите случувања во врска со рускиот напад врз Украина и да се координира заеднички одговор.