Еден од најпопуларните УФЦ-борци, Конор Мекгрегор, се враќа во октагонот на 28 јануари, а за противник ќе го има Дастин Поире. Популарниот Ирец тврди дека многу брзо ќе го „заспие“ противникот.

  • Го сакам Дастин, тој е голем борец, но сепак е на ниво под мене. Ќе го нокаутирам за 60 секунди, истакна самоуверено Конор Мекгрегор.

Ова ќе биде втора борба помеѓу Конор и Дастин, откако Мекгрегор ја доби првата со технички нокаут во првата рунда пред седум години.