Конторверзниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, по секоја цена посакува повторно да ги одмери силите со Хабиб Нурмагомедов и да му се реваншира за поразот од пред година и пол. Но, Дагестанецот не сака да ги вкрсти ракавиците со стариот ривал, а тоа го потврди и неговиот менаџер Али Абделазиз.

  • Една шанса да дојде до борба е да се сретнат на улица. Мекгрегор мора да направи нешто спектакуларно. Тој е го*но, знаете? Конор се смета себеси за голема ѕвезда, а тој е само губитник, изјави Абделазиз за „ЕСПН“.