Конечно родители! Марго Роби и Том Акерли го добија првото дете

322

Марго Роби која ја глумеше Барби во последниот истоимен филм, и нејзиниот сопруг Том Акерли станаа родители.

Актерката се породила на 17 октомври и родила момче, тврдат извори блиски до двојката. Оваа среќна вест беше тајна за јавноста, додека сега бабата и дедото се подготвуваат за патување во Лос Анџелес за да го запознаат новиот член на семејството.

Неколку дена пред породувањето, Том бил забележан како купува работи за бебе, на плажата Венис, вклучувајќи пелени, кутија пури и шише вино.

Марг последен се појави во јавноста на 13 октомври, додека го напушта студиото за монтажа во црн фустан кој го покажуваше нејзиниот трудничко стомаче.

Веста за бременоста првпат се појави во медиумите во јули, а двојката уживаше во романтично патување на Сардинија пред да се роди бебето.

Инаку, Роби и Акерли се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Suite Francaise“, а се венчале во 2016 година. Преку нивната продуцентска куќа LuckyChap Entertainment, тие работеа заедно на бројни проекти.