Конечно заминуваат во пензија: Јапонската влада престанува да користи флопи дискови за чување податоци

62

Јапонската влада објави дека постепено ги укина флопи дисковите, што е клучна пресвртница во нејзината кампања за модернизација на државната администрација.

До средината на јуни, дигиталната агенција ги укина сите прописи за користење на флопи дискови, 1.034 од нив, објави владата. Единствен исклучок е регулативата за рециклирање возила, додаваат оттаму.

„Ја добивме војната со дискетите на 28 јуни“, изјави денеска министерот за дигитални технологии Таро Коно, кој се залагаше за елиминација на факс машините и другата опрема базирана на аналогна технологија.

Дигиталната агенција е основана за време на пандемијата на коронавирус во 2021 година, кога напорите за воспоставување систем за тестирање и вакцинација открија дека владата сè уште се потпира на хартиени документи и застарена технологија.

Дигитализацијата во Јапонија често беше ставена на тест, па апликацијата за следење контакти во пандемијата неславно пропадна, а процесот на усвојување на дигиталната лична карта  My Number (Мојот број) траеше подолго од очекуваното, забележува Ројтерс.