Каталонскиот гигант Барселона донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на полскиот интернационалец Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, но во неговиот договор има и опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Челниците на Барса планираат да ја активираат таа опција.