Млад компир на скара-првомајско уживање и за оние кои постат

357
Оваа година, Први мај и Велигден убаво се надополнуваат, ама тоа не значи дека  треба да се воздржуваат од првомајската скара. Од овој неодолив компир ќе сакаат сите да пробаат – особено оние кои не постат.

Потребно е:

  • 500 гр млади компири
  • 30 мл масло
  • сув зачин
  • црн пипер
  • малку црвена мелена пиперка
  • млад лук
  • оригано
  • свеж магдонос, исечкан 

Приготвување:

Излупете ги компирите, измијте ги и варете  ги 5 минути. Можете да приготвите и  моркови за скара на истиот начин. Згмечете го лукот и прелејте го со 2-3 лажици вода. Во чинија ставете масло, сув зачин или само сол, мелен пипер, црвен пипер, и лук во сад, исцедете  го и земете ја само течноста. Додадете оригано и сечкан магдонос. Во тоа додадете ги компирите и исечените моркови и измешајте ги убаво. Набоцкајте ги компирите и морковите на стапчиња за скара. Наредете ги во подмачкана тава и прелејте ги со остатокот од маринадата. Печете на скара на средна топлина или во рерна на 220 степени околу 20-30 минути.