Тие се од нашата Македонија која е постојан расадник на музичари и нови музички таленти, распеани пејачи и групи. Така е и со нам добро познатата група “Компас-бенд” која оваа година ја заокружува со уште еден музички проект.
Се работи за новата песна и тоа испеана на српски јазик со насловот “Очигледно”, со која бендот ќе ја освојува Србија, за сите далеку поголем естраден залаг од Македонија. Но трудот на самиот старт се покажа како добра добивка. Автор на музиката и стиховите е Зоран Рудан – Цеки, кој го знаеме и по неодамнешниот успешен настап во тв-шоуто “Никад није касно“. Аранжманот за песната е на Иле Спасев.
На промоцијата која се одржа вчера беа присутни и авторите, новинарите и пријателите на “Компас-бенд“. За нивниот најнов музички проект е снимен, велат, и високобуџетен спот, а како режисер на истиот се потпишува познатата режисерка Ана Марија Јанковиќ.
Се снимаше на неколку локации во главниот град на Македонија, а за што Србите веќе покажаа големо воодушевување. За потребите на снимањето се користени специјални сценографии и визуелни ефекти. Групата е презадоволна, како од авторскиот тим, така и за спотот од тандемот ќерката и таткото: Ана Марија и Дарио Јанковиќ. Песната се врти веќе во Србија, со оглед на тоа дека е на српски јазик, но и одлично е прифатена и воедно се пее кај нашата македонска публика. Д.М.