Комисијата му го озеде мандатот на Никола Груевски, се чека уште гласање на Собранието

161

Со пет гласа „за“ Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања на Собранието донесе предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство од работа во Собранието во траење од 6 месеци, а почнувајќи од 14 ноември 2018.

Пратениците од опозизиската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за предлогот за одземање на мандатот, а одлуката беше донесена само со петте гласа од владејачкото мнозинство.

За овој предлог на Комисијата ќе се гласа на собраниска седница каде за да биде усвоен потребни се 80 гласа.