Комеморативна седница на гостиварскиот совет, државниот врв со пораки на сочувство

64

Советот на општина Гостивар одржа комеморативна седница на која присуствуваа покрај градоначалникот Арбен Таравари присуствуваа и премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорѓи Иванов, министри, пратеници и други личности од општествено-политичкиот живот.

На почетокот на седницата, претседателот на советот на општината, Насир Муслиу прогласи тридневна жалост на општинско ниво и отвори книга на жалост.

Премиерот Заев искажа жалење за загубените животи во сообраќајната несреќа и најави дека лично ќе се заложи за ублажуавње на последиците и целосно расветлување на колностите кои доведоа до трагедијата.

– Свесен сум дека зборовите сега не можат да допрат до душата која жали. Драги пријатели и сограѓани, човекот, додека има луѓе околу себе, не е сосема сам. И дојдов да ви кажам, дека загубата е ненадоместлива, но не сте сами и нема да ве оставиме сами. Духовно сме со вас, а ќе бидеме со вас и во иднина. Преземаме обврска да помогнеме на семејствата со возможното и за тоа лично ќе се заложам. Исто така, како Влада и како надлежни органи, ве уверувам дека ќе сториме сé, да ги расветлиме причините за трагичната несреќа, рече Заев.

Гостиварскиот градоначалник Таравари пред обраќањето побара од присутните во салата да се оддаде почит со едно минутно молчење по што искажа благодарност до сите кои помогнале да се намалат последиците од несреќата за која рече дека е најстрашното искушение во историјата на Гостивар.

– Им благодарам на сите државни институции и приватни субјекти кои искажаа подготвеност да ни помогнат. Им благодарам на сите граѓани кои помогнаа херојски спасувајќи голем број патници. Денес Македонија е завиена во црно, рече Таравари.

Претседателот Горѓе Иванов трагичниот настан го оцени како тажен ден за Македонија.

– Нека биде поука да бидеме сплотени, да се почитуваме, и секој пат да си укажуваме на вакви моменти поддршка, затоа што животот е краток, многу брзо проаѓа.Изразувам најдлабоки сочувства до семејствата, до пријателите, до блиските, до општината, до државата рече претседателот Иванов

Претседателот денеска во Гостивар ги посети семејствата Трпевски, Узеири и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа и на семејствата и на блиските на загинатите им изрази најдлабоко сочувство за претрпената загуба.

Премиерот Заев придружуван од партиските соработници беше во домот на пратеникот Благојче Трпески, чиј син Јовица загина во сообраќајната несреќа.

Комеморативна седница одржа и советот на соседната општина Врапчиште од каде потекнуваат тројца загинати.

Во Гостивар денес ќе бидат погребани три лица, а според најавите останатите во текот на утрешниот ден.

Во книгата на жалоста меѓу првите се запишаа претседателот на државата Ивано, премиерот Заев вицепремиерите, Спасовски и Османи и министрите, Филипче и Фазлиу.

Во Гостивар се откажани сите манифестации и прослави закажани за претстојниот викенд. Настапите ги откажа и кошаркарскиот клуб КК Гостивар во сите категории.