Норвешките медиуми најавија дека до крајот на неделава Колштад, ќе го промовира Сандер Сагосен, кој треба да се врати во татковината во 2023 година.
Сагосен е во карантин, но тој завршува утре, по што ќе замине за Норвешка, за ЕХФ неделата, а тоа ќе биде искористено за најавената промоција. Тој имаше понуда и за продолжување на соработката со Кил, но се реши за Колштад, кој покрај него за следната сезона ги планира плејмејкерот Јанус Смарасон и десното крило Сигвалди Гудјонсен од Келце.
Од летото 2023 година најавен е камбек и на Магнус Род, Магнус Гулеруд, Торбјорн Бергеруд, Себастијан Бартолд, Кент Робин Тонесен и Магнус Фредриксен.