Лондонскиот премиерлигаш Арсенал со вклучи во трката по потписот на резервниот напаѓач од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Коло Муани. Популарните „топчии“ веднаш на почетокот од зимскиот преоден рок ќе испратат понуда за позајмица со опција за откуп на договорот на францускиот интернационалец на крајот од актуелната сезона.