Колку треба да слушате музика за да бидете среќни?

119

Истражувачи од British Academy of Sound Therapy (BAST) сугерираат дека слушањето музика на дневна основа по 78 минути ќе ви го подобри вашето ментално здравје. Тие велат дека доволно е само пет минути слушање музика за да бидете среќни.

Екипата од Академијата анкетирала 7.500 испитаници и дошла до следните резултати:

14 минути музика го подобрува расположението, што ве прави среќни

16 минути смирувачка музика ве тера да се опуштите

16 минути музика да ја пребродите тагата

Потребни ви се 15 минути мотивациска музика за концентрација

Потребни ви се 17 минути музика за да го смирите гневот

Луз Купер, основач на BAST за истражувањето изјавила:

„Одредени својства на музиката влијаат врз нашето тело и ум. Ако одлучите дел од денот да го посветите на слушање музика, тоа може многу да влијае на вашата ментална состојба. Слушајќи музика којашто ве прави среќни ја движи крвта во деловите на мозокот кои развиваат асоцијација со радост, а го намалуваат протокот кон делот на мозокот што ве асоцира на страв“.

Што се однесува до рок музиката, 28 отсто од испитаниците изјавиле дека жанрот им помага да го потиштат чувството на гнев. Најмногу им помагала песната од ЕјСи/ДиСи „Highway To Hell“.