Колку пари, толку музика: Млади на венчавка давале храна на гостите вредна колку нивниот подарок

136

Момче и девојка се покажаа како најсуровата двојка досега, кога на својата венчавка на гостите им делеле оброци во зависност од вредноста на подарокот кој го донеле, пренесува Gulf Today.

На венчавката постоеле неколку типа на оброк, во зависност од подароците, кои се категоризирани во неколку категории: првa, најниска „љубовна“ категорија – луѓето кои спаѓале во неа го добиле најефтиниот оброк – печено пилешко, потоа „сребрена“ – бифтек и варен лосос, „златна“ – филе и морска храна, и како највисока „платинеста“ категорија во чие мени спаѓале јастог и вегетаријански оброци, за луѓето кои донеле подарок во вредност од 1000-2500 долари.