Колку заработил Ѓоковиќ од почетокот на годинава?

1224
EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на првото место на листата на заработка, кој од почетокот на годината инкасирал 5.071.453 долари, соопшти денеска Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).

Ѓоковиќ вчера триумфираше по трет пат во кариерата на Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд (7:6, 6:3, 7:5) и ја освои рекордната 23. Грен слем титула.

Тој денеска се врати на првото место на АТП листата, а 388-та недела ја започна како тенисер број еден во светот.

Ѓоковиќ во својата кариера заработил 169.762.762 долари од играње на турнири.

На второто место на листата за плати годинава е Русинот Данил Медведев со 4.816.801 долар, додека трет е Шпанецот Карлос Алкараз (4.381.986).