Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон (92), ѝ дал детални упатства на својата сопруга што да прави кога ќе почине тој. Англиските медиуми ги објавија овие инструкции со кои се пофали и самиот Еклстон во интервју за „Телеграф“.

Од 2012 година, тој е во брак со Фабијана (46), адвокатка што ја запознал на трката за Големата награда на Бразил пред 14 години. Денеска живеат во швајцарскиот град Гштад, а пред три години добија дете, малиот Александар Чарлс, инаку четврто дете на Еклстон.

  • Кога ќе дојде време да одам, ќе одам. Никој не го сака тоа, но ќе дојде тој ден. Пред некое време, ѝ реков на Фабијана: „Кога ќе умрам, земи убава честитка, стави ме во кутија и фрли ме во рерна. Но, пред тоа, напишете го името на курирската служба на кутијата и земете нешто пари за реклама. Така се работи тоа“ – изјави Берни Еклстон.