epa11463593 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's 3rd round match against Alexei Popyrin of Australia at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 06 July 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има 37 години и по петти пат учествува на Олимписките игри, овој пат во Париз. Од почетокот на сезоната, нè потсетува дека атаката на златниот медал, единствениот што му недостига, му е најголемата цел во 2024 година. Затоа многу работи оваа сезона му се подредени на тоа. Така, тој не е загрижен што нема освоено ниту една титула во календарската година, иако многумина го искористија тоа за да нагласат дека не може да освои медал.

Играчите на негова возраст веќе ја завршија кариерата или полека се збогуваат. Со почит од колегите, Ѓоковиќ изјави дека сè уште не размислува за откажување и дека уште долго ќе игра тенис. На задоволство на сите нас, а, можеби и помалку на некои други.

„Не размислувам за пензија, иако знам дека многумина би сакале да ме видат како се повлекувам и се пензионирам. Алклараз и Синер сега се млади и најдобри тенисери во светот. Тука сум 15 години и сум видел многу генерациски промени. Мислам дека е одлично што се тука, но мислам дека е и убаво што сум тука по 15 години. Се разбира, крајот е поблиску од почетокот и ќе продолжам да се натпреварувам за да може подолго да уживате – изјави Новак Ѓоковиќ.

А, знаете ли дека Новак Ѓоковиќ веќе кажа кој е „условот“ да се пензионира? Не се годините, ниту повредите. Во ланското интервју за „Л’Екип“, Ноле раскажа за својот неостварен сон во спортот. Станува збор за детски сон. Како сите нас така и Ѓоковиќ има спортски идоли и историските средби со нив би му го смениле мислењето да продолжи да игра тенис.

– Алберто Томба е мојот идол. Фантастично момче! Првпат го запознав во Србија, пред околу петнаесет години. Сè уште се сеќавам на тоа. Тоа беше вечера на која беа присутни многу луѓе, седев до него и бев неверојатно среќен поради тоа. Тој беше толку смешен со мене. Освен за скијањето, разговаравме и за животот – рече Новак со насмевка.

Тој потоа додаде:

– Играв тенис со Пит Сампрас. Уште треба да скијам со Томба и да играм кошарка со Џордан. По тоа, можам да се повлечам од сите спортови, бидејќи јас сум љубител на сите спортови. Пред да се пензионирам, ќе се обидам да ги остварам двете работи што ги споменав, а сега да ги поддржиме сите спортисти што е можно повеќе, во Париз.