„Кога сонцето ќе ти удри во глава“: Родители си ја заборавиле ќерката на станица за одмор во Хрватска

2837

Полициски службеници од граничната полициска станица Имотски пронашле девојче (11) на саницата за одмор Рашчане на автопатот А1 кај Вргорац кое родителите го заборавиле.

Како што информираат од Сплит-Далмација полициска управа, летната конфузија, гужви и брзање понекогаш доведуваат до стресни ситуации, а таква ситуација се случила и вчера на автопатот А1 кај одморалиштето Рашчане, но полицајците го решиле и овој проблем.

Им се јавил работникот на бензинската пумпа и рекол дека на телефон има лице кое му кажувало дека нивното дете е изгубено, странска државјанка која останала на станицата за одмор. Мајката со исплашен глас објаснила дека патувале во група со неколку возила, дека сега се на подрачјето на Задар и дека само што забележале дека во возилата нема 11-годишно девојче, и дека последен пат застанале на стојалиштето Рашќане. Со оглед на тоа дека се движеле со неколку возила, мислеле дека таа влегла во друго возило, но кога застанале сфатиле дека ја нема и дека најверојатно останала во Рашчане.

Полицајците телефонски извршиле разговор со мајката, побарале фотографија од девојчето, го прегледале видео надзорот и ги пребарале сите соби на бензинската пумпа, а надвор пронашле девојче кое одговара на описот, информираат од полицијата, пренесува Фена.

Оттаму додаваат дека полицајците му пришле на девојчето, се претставиле и и понудиле помош, но констатирале дека таа не зборува англиски. Во разговорот се вклучила и странска државјанка која им преведувала и им помагала на полициските службеници во комуникацијата со детето.

Девојчето не било повредено, но било исплашено. Рекла дека телефонот ѝ бил оставен во возилото, и дека не можела никому да се јави и дека била толку исплашена и плачела што излегла надвор од стојалиштето каде што ја нашле полицајците. При разговорот со девојчето, полициските службеници ја смириле и ѝ рекле дека се во контакт со семејството кое се враќало и дека ќе ги чека заедно со неа.

Исплашените родители пристигнале неколку часа подоцна, додека девојчето цело време било со полицајците.

Тие им се заблагодарија на полициските службеници за напорите и помошта.