„Кога беше никој, целата плата ја трошев на него“

175

Поранешната сопруга на Енцо Фернандез, Валентина Сервантес, се отвори за нејзината разделба со ѕвездата на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Нејзините изјави доаѓаат по одлуката на 23-годишниот играч за врска да живее сам и покрај тоа што има две деца.

Сервантес го следеше Фернандез во Бенфика кога тој се приклучи на клубот во 2022 година, а потоа се пресели во Лондон кога потпиша за Челзи во јануари 20023 година во договор вреден 120 милиони евра.

Нешто повеќе од 18 месеци подоцна, парот реши да тргне по својот пат. Играчот од средниот ред игра многу добро во актуелната сезона, додека Сервантес се врати кај семејството во Аргентина.

„Се беше во ред и одеднаш еден ден ми рече дека не сака повеќе да биде со мене. Има работи што се уште треба да ги обработам, но тоа е тоа, јас го прифатив тоа. Кога се запознавме, работев во ресторан и студирав право. Тој играше за младинскиот тим на Ривера, а потоа стана член на Б тимот. Кога почнавме заедно да живееме, ја сменив работата и почнав да работам во центар за повици. Тогаш заработував повеќе отколку што му плаќаше неговиот менаџер, ја трошев целата моја плата, не можев да заштедам ништо. И после девет месеци забременив со Оливија, тогаш имав 19 години“.

На прашањето дали е сè уште вљубена во ѕвездата на Челзи, таа одговори: „Мислам дека љубовта се уште постои бидејќи е многу тешко да замине толку брзо“. Не зависам од маж или некој за да ме направи среќна. Секогаш ќе бидам среќена во друштво на моите деца“.

По нивното разделување, Фернандез драстично се подобри во својата форма и успеа да се избори на стартното место. Тој постигна три гола и осум асистенции во неговите 20 настапи за „сините“ оваа сезона.

На тој начин Аргентинецот почна да ја оправдува огромната сума на пари што ја заработува на „Стемфорд Бриџ“, претходно се споменуваше плата од 10 милиони евра годишно.

„Можно е да има замор од негова страна, но тоа не се случи од моја страна. Она што го прави од денот кога се разделивме е негов живот. Јас нема да се мешам и ќе ја почитувам жената што ќе ја избере, се додека е во ред со моите деца“,додаде Сервантес.

Откако се раздели со неговата долгогодишна партнерка, почнаа да кружат гласини дека Фернандез сега е во врска со аргентинската раперка и пејачка Ники Никол.

До сега нуту Никол ниту Фернандез не ја коментирале наводната романса, но според весникот „La Nacion“, се верува дека парот се запознал на крајот на октомври во ноќен клуб во Буенос Аирес.

ИЗДВОЕНИ