Ковачевски: Во најголем процент сме усогласени со Алијанса за Албанците, не разговаравме за кадровски решенија

33

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат.

– На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.

Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и ќе ги информира членовите на Ивзшрниот добр во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.