Легендата на Лос Анџелес Лејкерс и светската кошарка, Коби Брајант, го загуби животот во пад на хеликоптер во јануари, а податоците донесени од славниот магазин „Форбс“ го запрепастија светот.
Популарната „Црна мамба“ од трагичната смрт до денес „заработи“ 20 милиони долари! Толку пари што, како што пишуваат водечките американски и светски медиуми, „Форбс“ го става на списокот на најплатените починати великани, и тоа на високото шесто место.
Познатиот поп-музичар Мајкл Џексон, кој почина на 25 јуни 2009 година, е прв на листата на „Форбс“ со 48 милиони долари, втор е др. Сеус, американски писател на книги за деца, сценарист, илустратор, поет… кој почина на 24 септември 1991 година и за чие име стои бројка од 33 милиони долари постхумна „заработка“.
Чарлс Шулц, авторот на цртаниот филм Чарли Браун и Снупи, не напушти на 12 февруари 2000 година и оттогаш неговата сметка тежеше 32.5 милиони долари, додека на американската голф-легенда, Арнолд Палмер, кој почина на 10 септември 2016 година, бројката достигна 25 милиони долари.
Пред Брајант на списокот е само уште легендарниот Елвис Присли, кралот на музиката, кој го напушти овој свет на 16 август 1977 година, а чија сметка оттогаш има 23 милиони долари.
Форбс објасни дека сметката на Брајант пораснала најмногу поради фактот што „Најк“ ја распродаде комплетната палета на производи поврзани со славниот кошаркар, но и дека неговата автобиографија од несреќата се продаде во повеќе од 300.000 примероци.