Коалицијата Европски фронт усвои декларација за „етнички изборен легитимитет“

134

Во Тетово коалицијата „Европски фронт“ усвои политичка декларација за етнички изборен легитимитет за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.

Декларацијата ја потпишаа сите партии кои го сочуваат „Европски фронт“ Демократска унија за интеграција, Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз.

Според Ахмети, кој ја прочита декларацијата, консензуалната демократија значи организирање на заедниците во политички партии и учество на избори за стекнување на легитимитетот на нивните сонародници „и оваа волја на нашите заедници, затоа, мора да се почитува од страна на мандатарот“.

„Непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите. Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно. Ние, домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смееме да дозволиме враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетот на суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот“, се вели во Политичката декларација на Европскиот Фронт, се наведува во декларацијата.