Книга: „Скарлетна студија“ – првото дело во детективската серија за Шерлок Холмс

29

„Скарлетна студија“ на Артур Конан Дојл е првото дело во детективската серија за Шерлок Холмс што го воведува читателот во неговиот енигматичен универзум. Тоа е запознавање со познатото дуо – ликовите на Шерлок Холмс и д-р Џон Вотсон.

Мистеријата околу откривање на извршителот на убиството случено под неразјаснети околности набрзина ги претвора во најдобри пријатели, а целата истрага води кон испишување на студија на случај наречен „Скарлетна студија“.

Кога д-р Џон Вотсон доаѓа да живее на улицата „Бејкер“ со Шерлок Холмс, нема претстава дека штотуку навлегол во еден нејасен свет на криминал и насилство. Придружувајќи го во една злокобна куќа во јужен Лондон, Вотсон запрепастено открива мртовец чие лице е згрчено во ужас. На телото нема траги од насилство, додека на ѕидот со крв е напишан еден единствен збор. Доктор Вотсон е еднакво збунет како и полицијата, но брилијантните аналитички вештини на Шерлок наскоро ќе го расплеткаат клопчето на убиството, одмаздата и изгубената љубов.