Романсата „Само ова лето“ од авторката Аби Хименез е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства.
Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Ема не планира дека нејзиното следно задолжение како патувачка медицинска сестра ќе биде во Минесота, но таа и нејзината најдобра пријателка се согласуваат дека запознавањето со Џастин е повеќе од добра прилика, особено што имаат можност да изнајмат преслатка колиба на приватен остров на езерото Минетонка…
Магазинот „Ел“ објави дека „оваа духовита книга е идеално четиво за на плажа“.