Книга: „Проектот автентичност“ – што би се случило кога би говореле вистина?

22

„Проектот автентичност“ на Клер Пули е приказна за една обична бледозелена тетратка која ги менува животите на неколку ликови откривајќи им вредни животни лекции.

Џулијан Џесоп е осамен ексцентричен уметник кој верува дека луѓето никогаш не се целосно искрени. Прашувајќи се што би се случило кога сите би ја говореле вистината, својата ја запишува во обична бледозелена тетратка што ја остава во еден мал ресторан. Кога ќе ја најде, Моника решава да му помогне на Џулијан да ја преброди осаменоста и организира курс по сликање. А потоа ја раскажува својата животна приказна и ја остава тетратката во блискиот вински бар. Моника и Џулијан не можат ни да претпостават колку нивната искреност влијае врз сите кои ќе ја пронајдат тетратката и на кој начин таа ќе им го промени животот. Еден по еден, тие ја споделуваат сопствената приказна – чин што носи слободување, им ги открива скриените потенцијали и безбројните можности што ги нуди животот.